(ВИДЕО) АДЕЛ КОНЕЧНО СЕ ВРАЌА: Слушнете ја новата песна!

5

Адел се враќа на сцената со нова песна и нов албум.

Вчеравечер пејачката ги потврди гласините за нов албум со објава на својот инстаграм-профил, на која напиша дека албумот насловен „Easy On Me“ ќе излезе во продажба на 15 октомври.

Набрзо по објавување на „тизерот“ кој трае само 10 секунди, Адел на својот „YouTube“ канал објави и официјално видео од носечката песна на албумот „Easy On Me“.

Албумот на Адел стана еден од најочекуваните изданија за 2021 година, откако неодамна беше забележително „чистењето“ на официјалните профили на Адел на социјалните мрежи од сета претходна содржина.