(Видео) Антивладини протести во Бугарија

26

Илјадници граѓани, четврти ден по ред, се собраа пред претседателството во Софија во попладневните часови, барајќи оставка од Владата и јавниот обвинител.

Демонстрантите скандираа „Оставка“, а протестот течеше мирно.

Еден од присутните рече дека излегол на протестот затоа што сака „оваа корумпирана влада да падне“. Друг граѓанин изјави оти протестира бидејќи владата на Борисов е мафија, пренесе „БГНЕС“.

Незадоволен граѓанин истакна дека се појавиле многу записи со непристојни содржини и тоа е доволно добра причина за да се протестира.

Протести се одржуваат и во други градови низ Бугарија.