ВИДЕО: Бурата “Денис” направи хаос во Британија

5

Бурата „Денис“ направи хаос во Велика Британијa, а властите ширум државата ги повикаа граѓаните да се заштитат од поплавите.

Стотици летови беа откажани, на југот на Велс беше прогласен највисок степен на аларм поради силните дождови. До вчера попладне беше забележан рекорден број на предупредувања од поплави – 600. Најмалку едно лице загина во големата бура.

Британската метеоролошка служба , издаде повеќе од 250 предупредувања за Англија, Шкотска и Велс, поради поплавите.