(ВИДЕО) Видал „мртов пијан“ не можеше да влезе во кола, снимката стана хит

11

Снимката која го прикажува фудбалерот на Интер Артуро Видал во толку пијана состојба што едвај стои на нозе и со проблеми влекува во автомобил, стана хит на социјалните мрежи. Според наводите на „Газета дело Спорт“, Видал во ваква состојба бил снимен кон средината на август, три дена пред првиот натпревар на Интер во Серија А против Џенова, а нејасно е зошто објавеното видео дури сега стана вирално.

Снимениот запис го покажува Видал кој наводно бил толку пијан што имал проблеми со рамнотежата, па наместо да седне во автомобилот, заврши превртувајќи се на него, а кога го испратија до совозачкото место во црвениот кабриолет, најпрво седна во спротивна насока, со нозете на седиштата, а потоа некако и влезе во него.

Интер, според наводите на „Газета дело Спорт“ веќе претходно бил запознаен со оваа снимка и со играчот имале разговор.