ВИДЕО | Владимир Путин пристигна во Женева

10

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Женева, каде наскоро ќе се сретне со американскиот претседател eо Бајден.

Според најавите, средбата на двајцата претседатели ќе започне во 13 часот, иако Белата куќа го најави почетокот на самитот во 13.55 часот.

Исто така беше објавено дека средбата на двајцата лидери ќе трае четири до пет часа, со паузи и во различни формати. По состанокот, лидерите ќе одржат одделни прес-конференции.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како авионот на Путин слета на аеродромот во Женева. Путин е снимен како излегува од авионот, а потоа влегува во црна лимузина.