(Видео) Вучиќ се накашла на прес-конференција: „Многумина посакуваат ова да беше корона“

12

Српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната прес-конференција започна многу да кашла откако се напи вода, додека новинарите му поставуваа прашања.

Тој кашлаше повеќе од десет секунди, го извади и своето шамивче, а во салата настана молк.

Претседателот кажа дека малку се засркнал откако се напил вода.

„Само малку се засркнав, не грижете се, не е корона. Знам дека на многумина ќе им беше драго да е корона, но не удира гром во коприви“, кажа Вучиќ.

Во Србија се пријавени 19 случаи на инфекција со коронавирус, а воведени се и строги забрани за собирање во затворени простории.