(ВИДЕО) Германските експерти пристигнаа во опожарената модуларна болница во Тетово

19

Германските експерти со својата опрема пристигнаа во опожарената модуларна болница за ковид-пациенти во Тетово, која на 8 септември пламна за неколку минути и како резултат на тоа 14 лица загинаа, а 12 пациенти беа повредени.

Германскиот тим се состои од четворица експерти, каде што како што објави Владата пред извесно време, двајца од нив се форензичари за истрага на пожар, а двајца се форензичари за ласерско мерење и фотографирање на просторот.

„Двајца форензички експерти се за истражување на пожар и двајца форензички експерти за ласерско мерење и фотографирање на просторот. Министерството за внатрешни работи веќе подготвува соодветна помош во форма на алатки, скици, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничката проверка на фактите “, изјавија пред неколку дена од Владата.

Овој тим експерти се очекува да ги разјасни дилемите како е предизвикан пожарот.