ВИДЕО: Гори поранешната фабрика „Македонија табак“ во Тетово

1

Наши читатели ни испратија видео од пожарот кој избувна во фабриката Македонија Табак во Тетово.

Бројни пожарникарски екипи се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Засега нема информации од МВР, а во меѓувреме се очекува нивно соопштение.

Пожарот утрово избувнал во некои од просториите на објектот, но засега не е точно познато кои простории горат.