(ВИДЕО) Девет загинати и тројца преживеани во авионска несреќа во САД

16

Девет лица загинале а три се хоспитализирани кога мал авион се урнал во саботата попладнето по локално време во американската сојузна држава Јужна Дакота, пренесуваат локалните медиуми.

Меѓу жртвите се и две деца и пилотот на авионо кој се урнал набргу по полетувањето објави NBC News цитирајќи ја изјавата на Федералната управа за воздухопловство (FAA).

Тројцата преживеани се пренесени во болница, според извештајот на телевизиската мрежа ABC News.

Управата за национална безбедност во сообраќајот (NTSB) соопшти дека се истражуваат причините за падот на авионот од моделот „Pilatus PC-12“ крај Чемберлен, во Јужна Дакота.

Не се знае што точно ја предизвикало несреќата, но во саботата попладне имало силен ветер и снег, соопшти државната метеоролошка служба.