(ВИДЕО) Детска Евровизија 2019: Одличен пласман на Мила Москов!

120

Мила Москов имаше одличен настап и Детската Евровизија ја заврши на шестото место…
И, овојпат главниот збор за победниците го имаа гласовите на публиката која имаше три дена за гласа за своите омилени песни.

Како што веќе пишувавме гласањето почна во петокот, преку интернет и беше бесплатно.
Но, иако Мила Москов со Fire на Магдалена и Лазар Цветковски одлично се држеше и во еден момент беше трета сепак на крај, по собирање на гласовите од интернет, се пласира на шестата позиција.

Добрата песна, интерпретација, моќен глас и одличен стајлинг не може да не биде незабележано, како што беше случај и со Мила.

Победничка на годинешното издание на Детска Евровизија беше домашната натпреварувачка Вики Габор со песната Superhero што пак значи дека Полска и наредната година ќе биде домаќин на изборот.Вики која има 12. години, Евросонгот го заврши со вкупно 278 поени (од жирито и гласањето преку интернет), втор беше Џерхан Максим со 227 поени, од Казахстан, а трета Мелани Гарсиа од Шпанија со 212. поени.