(ВИДЕО) Драч по земјотресот: 24 часовна потрага по преживеани-досега 35 загинати

4

Операциите за потрага и спасување на преживеаните во разорниот земјотрес што пред два дена ја погоди Албанија продолжуваат и денеска.

Според официјалните податоци, досега бројката на жртвите достигна 35 лица, а бројот на повредени над 650. Од под урнатините на зградите се извадени 45 преживеани лица.

Спасувачките екипи и механизацијата се насекаде, пристигнуваат и од соседните земји и работат и се борат со времето.

Земјотресот со јачина 6,4 степени според Рихтер во вторникот, околу 4 часот утрината по локално време, ја стресе Албанија и околните земји. Најтешко се погодени местото Туман и областите на Драч и Тирана.

Во Туман, на 30-ина километри северно од Тирана и Драч, блокирани се речиси сите приоди кон урнатите куќи.

-Сите станбени блокови, дури и оние највисоките изградени по 90-тите, во голем дел немаат потпорни ѕидови, се одружуваат со структура на столбови, изјави премиерот Еди Рама.

Додаде дека куќите генерално се дизајнирани и изградени така што можат да издржат силен земјотрес, со јачина од шест или седум степени по Рихтерова скала.

Најголемата опасност сега демне од оштетените објекти со нарушена статика.