Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна на Сицилија, еруптираше во текот на ноќта и исфрли пепел и лава во висина и до 100 метри.
Активноста на вулканот на неговиот југоисточен кратер е забележана во неделата во 21:20 часот, а за еден час и половина, интензитетот на експлозиите се засилил од среден до многу голем, пренесува британски „Сан“.
Etna, eruzione nella notte: pioggia di cenere su Catania, auto e strade «annerite» https://t.co/vDpoIuQdxp
— Gazzettino (@Gazzettino) December 14, 2020
Советодавниот центар за вулкани од Тулуз објави дека од кратерот излегле фонтани со лава високи и до 100 метри, густиот пепел се издигнал до пет километри, а пепелот паднал врз селата и градовите јужно од вулканот.
Исто така, беше соопштено дека звуците од вулканот се слушале дури до Калабрија, како и дека е регистриран земјотрес со јачина од 2,7 степени на падините на планината Етна, но не е познато со што е поврзан.
Во минатото, најголемите ерупции на вулканот Етна биле во 12 и 17 век, кога починале 15.000 луѓе, односно биле уништени 15 села.