ВИДЕО: Ерупција на вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5 илјади луѓе

3

Вчера еруптирал вулканот Кумбре Виеја на шпанскиот остров Ла Палма. Огромна количина чад се издигнала над истоимениот национален парк, пренесува Ројтерс.

Шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во Ла Палма каде ерупцијата доведе до евакуација на 5.000 луѓе.

Санчез го одложи патувањето до Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк за да се сретне со Торес за да разговараат за одговорот на службите за итни случаи на ерупцијата.

„Се оди според планот, така што приоритет е да се гарантира безбедноста на граѓаните на Ла Палма, кои би можеле да бидат погодени од последиците од оваа ерупција“, рече Санчез.

Вулканот последен пат еруптирал пред 50 години (1971 година), пред да еруптира во 1949 година.

Јонас Перез, локален туристички водич, рече дека се уште може да го почувствува потресот по ерупцијата.

„Никогаш не сум ја доживеал бучавата што доаѓа од вулканот да звучи како дваесет авиони да полетаат истовремено“, рече тој.

Регистрирана е серија од 4000 земјотреси
Откако научниците снимија серија од 4 илјади земјотреси, властите на 14-ти септември објавија т.н жолта тревога, второ од четирите нивоа на предупредување.

Исто така, на луѓето им беше препорачано да имаат ранци со основни работи, како што се лекови и други материјали, и мобилни телефони при рака.

Четири села, вклучувајќи ги Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан, беа евакуирани, а беа поставени и привремени засолништа.

Засега нема извештаи за жртви.