(Видео) Заменик-командантот на Азов: Јас и командантите се уште сме во фабриката за челик Азовстал

1

Заменик командантот на единицата Азов, Свјатослав Паламар, на својот канал Телеграм објави видео порака. Паламар изјави дека тој и командантите на единицата се уште се во фабриката на фабриката за челик Азовстал, пренесуваат медиумите.

– Слава на Украина. Денеска е 85-ти ден од војната. Јас и командирите сме во просториите на фабриката Азовстал. Операцијата е во тек, нема да давам детали. Му благодарам на целиот свет и на Украина за поддршката. Се гледаме – рече Палмар.

Засега не е познато на каква операција мислел Палмар. Инаку, Русија изјави дека од понеделникот повеќе од 1.700 борци од фабриката во Азовстал биле однесени во областите под руска контрола, пренесуваат медиумите.