(Видео) Инцидент на промоцијата на книгата на Војислав Шешељ „Во Сребреница немаше геноцид

18

Во зградата на општината Стари Град во Белград, пред почетокот на промоцијата на книгата на Војислав Шешељ „Во Сребреница немаше геноцид“ дошло до инцидент.

Активисти од Фондот за хуманитарно право сакале да го поделат нивното печатено издание „Досие: Злосторства над Хрватите во Војводина“, а Шешељ побарал од обезбедувањето тие да бидат отстранети од зградата.
Фондот за хуманитарно право го објави видеото на „Твитер“ на кое се гледа како Шешељ влегува во зградата и бара од обезбедувањето да ги отстрани активистите.