(Видео) Ископан најголем розев дијамант во последните 300 години

17

Голем розов дијамант од 170 карати е откриен во Ангола, а се верува дека е најголемиот розов скапоцен камен пронајден во последните 300 години, објави АП.

Дијамантот е пронајден во рудникот за алувијални дијаманти Луло, по што го добил името „Луло Роуз“.

Ова е петти по големина дијамант пронајден во овој рудник, кој има произведено 27 дијаманти од 100 карати или повеќе. Рудниците во Ангола се меѓу 10-те најголеми светски производители на дијаманти.

Анголската државна компанија за дијаманти „Содијам“ ќе го продава розевиот дијамант на меѓународен тендер.

Највредниот дијамант некогаш пронајден е јужноафриканскиот „Кулинан“, ископан во 1905 година и вредел 3.106 карати.