(ВИДЕО) И каменот би плачел на стадионот во Бока: Ќерката на Марадона во солзи

32

Аргентина сè уште жали по Диего Марадона.

Марадона почина во средата, а во Аргентина беше прогласен тридневен жалост.

Бока јуниорс синоќа ги совлада Њуелс Олд Бојс со 2-0 и тоа беше дуел помеѓу двата поранешни клуба на Марадона.

Натпреварот од ложата го следеше неговата ќерка Далма, која не можеше да ги сокрие солзите.

Многу плачеше од местото од кое често ги гледаше натпреварите на Бока во присуство на нејзиниот татко.

Публиката не беше на трибините, па навивачите на Бока синоќа не можеа да се простат од Марадона од нивниот омилен стадион.