(ВИДЕО) Кастриот Реџепи: Ако се појавев на говорницата во Парламентот, ќе се создадеше тензија како на 27 ми април

4

Ноќ пред четвртокот, кога требаше да се одржи седницата јас размислував, вели пратеникот Кастриот Реџепи во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77. Тој има првичен став да оди во Собрание и да учествува, да побара процедурално и на крај да се изјасни.

„Можеше да тече седницата. Според деловникот треба да има 61 пратеник, да може да се отвори да се усвои дневниот ред и да продолжи седницата. Во тој случај за интерпелација може да трае до полноќ, што значи дека до полноќ можеше да дојде ситуација да имавме дискусии, дебати. Имајќи го во предвид досегашното искуство, при секоја дебата и дискусија едни исти работи се дебатираат од опозицијата кои креваат тензии“, изјави пратеникот Реџепи за „Стадион“.

Можеше да се одржи седницата, вели Реџепи иако имало информации дека можеби ќе трае кратко. Но од друга старна, вели тој доколку тој се изјаснел ќе морал да се побара пауза пред гласање.

„Тогаш ќе бев подложен на притисоци, молење за да ја поддржам иницијативата. Ќе бев експониран. И навистина 1 спрема 60, не ќе беше лесно, од друга страна имајќи ги предвид случувањата од 27 ми април, но и некои тензични ситуации кои што сме ги имале во овој состав, сеуште не сме на тоа ниво на демократија кога се прифаќа мислењето по убедување или правото на различно мислење. Проценив дека така ќе биде најдобро како што постапив иако знам дека имаше ефекти во јавноста, блиски роднини и пријатели, нивна загриженост поради мојата безбедност и каде се наоѓам. Јас најавив тоа утро, само на ќерка ми која живее надвор од земјата и на сестра ми која е во Америка , дека ќе бидеме добро, недостапни, дури и тие поради целата атмосфера помисилја дека нешто ми се случило. Јас им се извинувам на сите граѓани кои биле загрижени за нашата безбедност и заради сите околности. Вчера лично му се извинив на кооридинаторот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски бидејќи тој во скафандер мораше да биде неколку часа, но така проценив дека ќе биде најдобро за да го постигнам тоа што го имам како убедување, да не падне оваа Влада, да не се враќаме назад“, истакна Реџепи.

Вели дека не се консултирал со никој од партијата, освен што од време на време на нивните консултаии што ги имале.

„Два – три дена пред собирање на потписите, ставот на БЕСА и на сите наши консултативни состаноци, беше дека продолжуваме во оваа Влада и дека не треба да се формира ново мнозинство без избори. Генералниот секретар во неколку наврати и по координацијата на партнерите на коалицијата во Влада, истакна дека продолжува ова мнозинство, стабилно е и дека легитимитетот на мнозинството се црпи од парламентарно мнозинство. На два дена пред собирањето на потписите ние имавме консултативна средба на која колегите таму не учествуваа, само колегата Фадил Зендели кој дошол неколку часа пред те та те средба со претседателот на партијата Касами и го известил дека нема да прифати да гласа за било која Влада каде СДСМ е внатре во неа, поради негови причини. На некој начин испаѓа дека е поради две работи. Една работа е дека има нагла промена, преку ноќ на ставот од една позиција од една страна се префрламе во друга иако има околности кои може да ги дебатираме, на некој начин знаејќи дека господинот Зендели нема да попушти, но тоа мене не ми е логично и не е оправдано дека се сменил ставот, ајде сега да смениме страна на некој начин да не се „брукаме““, објаснува Кастриот во „Стадион“.

„На два пати јас споменував и го прашував генерланиот секретар кој го водеше овој прокет, кој повеќе беше „истурен играч“, дури и на некој начин како дај а водеше целата оваа ситуација. Неколку пати го прашував дали е во комуникација со Американската Амбасада или со другите дипломатски претставништва, при што секогаш сме се консултирале кога сме носеле големи одлуки. Тој ми кажа дека немал контакти во последно време, што ми беше чудно, дури и на некој начин како да беше изиритиран од тоа зошто се дозволи во Желино да се повтори гласањето, и на некој начин нема потреба да комуницираме повеќе“, вели Реџепи.

На прашањето зошто Желино е толку важно за БЕСА, Реџепи вели тоа била првата општина што БЕСА ја добиле на минатите локалните избори, и на некој начин сега требало да го потврдат истото. Но и дека претседталеот на партијата и генералниот секретар во партијата се од општина Желино од селата.

„Целата ситуација, демонстрирање на сила на ДУИ, дека може да ги поништи гласовите, влијеа на мене дека можам да ја променам ситуацијата. Мене ми беше чудо што кога овие две околности се сменија, никој од нашите колеги не најде скодно да дебатираме, да разговараме што ќе правиме сега, да видиме уште еднаш дали треба да стоиме зад потписите или не, при што донесов заклучок дека има некој договор во првиот круг со условување дека по никоја цена БЕСА не смее да продолжи со ова мнозинство, туку треба да работи интезивно на рушење на оваа Влада и тоа се надоврзува на тоа. По неуспешното гласање продолжија со став дека БЕСА треба да биде надвор од Владата, а тоа уште повеќе е дискутабилно затоа што е без одлука на органите на партијата. До овој момент не сме имале одлука ниту за формирање на ново мнозинство, ниту за излегување од Влада“, вели Реџепи.

Тој не се согласува дека локалните избори терба да бидат мерило за паѓање на Владата, како примери пратеникот Кастриот Реџепи ги спомена Косово како пример, Руте, па и партијата на Меркел која неколку пати изгунила локални избори. Реџепи вели самиот господин Заев со изјавата дека ако изгуби во Скопје ќе се повлече, го поттикна ова.

„Зборувавме постојано со високи функционери меѓутоа и со меѓународната заедница, дали може да го убедите да не поднесе оставка во овој момент, многу е важен континуитетот, и сме пред важни процеси пред Самитот за добивање на датум. Само што сме почнале една година како Влада и мора да ја реализираме до максимум програмата. Николовски мисли дека се она што го зборувам со Хоџа е став на БЕСА, не може да биде став се додека сите ние заеднички не седнеме и решаваме“, вели Реџепи, кој тврди дека не знаел за средбата на која се најави новото мнозинство и објавената фотографија на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во тој момент почнаа да ми се јавуваат пријателите, и бидејќи јас немав многу информации што да кажам и во тој момент кажав дека вреди да се проба некоја друга комбинација. Но, кога веќе се врати Желино, се одложи оставката тука требаше ние да седнеме како партија и да комуницираме. Во неколку наврати јас помеѓу редови сум им кажувал на моите колеги, но видов дека нема подготвеност. Претеникот има уставно право да решава според неговите убедувања. Ако опозиција дозволеше онлајн, јас онлајн ќе се вклучев“, вели Реџепи.

Реџепи истакна дека бил во комуникација со Американската Амбасада непосредно по првиот круг на локалните избори, додека со Холандската амбасада каде подолго време тој бил и вработен последна комуникација остварил со холандскиот амбасадор по повод денот на независноста во кабинетот на претседателот Пендаровски. Истакна дека има дипломатски контакти и со другите претставнишна.

Реџепи раскажува дека неговиот мобилен телефон го вклучил по зваршување на седницата, кога го ставал видеото на Фејсбук, каде помеѓу пораките од неговите најблиски имало и заканувачки пораки, закани по живот кои веќе се пријавени вели Реџепи.

„Не се луѓе од политички партии, односно не се јавни личности. На листата пропуштени повици, беше името на Касмаи и генерланиот секретар, но не и Мицкоски. Мислам дека имав од Николовски тој ден пропуштен повик, но не сум сигурен. Од ДУИ ме бараа претходно, пред поднесување на потписите, дури ние решивме тој ден да не кажеме на никој и ми се јави колега и ме праша дали си и ти потпишан, јас го прашав за какви потписи зборуваш. Јас го држам зборот за кој сум се договорил, но во овој случај некој друг се договорил и на знам зошто се договорил“, вели Реџепи.

Тој смета дека ситуацијата ќе спласне и дека било само едно демократско право, негово убедување, вели јас не влегувам во Влада, туку сум дел од таа Влада и останувам. Јас сум за континуитет, за развивање на тие процеси за кои сме се залагале, за евроинтеграциите, но и за другите реформи.

„Сега од кога се заврши целиот процес јас излегов со статус. Прво му пишав на господинот Касами и на господинот Хоџа, на Касами му реков бирај место и време каде да се видиме бидејќи тој беше многу загрижен да му објаснам и на крај да ми даде шанса да ме слушне дали сум киднапиран или не, бидејќи во јавноста тврдеше дека не верува. За жал тој до ден денес не ме контактираше, тој е спремен да комуницира со други политичари кои во минатото го навредиле, а јас како најблизок соработник тој не најде време да ме слушне барем приватно. Тие ме исклучија и се плашат да ја дознаат целата вистина околу случувањата. Јас апелирав да не се брзаат, тие се брзаат дека излегле од Влада на некој начин прават штета и покажуваат неоговорност кон луѓето кои помалку од година се на функции или работни места“, вели Реџепи.

„БЕСА ме исклучи и не сум во тек, дури и седиштето во Скопје е затворено со катанец што е срамно, за да немам прилика јас или другите да направат состаноци, собири со структурите за информирање. Тие наместо да направеа механизам јас да ги информирам, на крај тие одлучија да го затворат седиштето во Скопје“, вели реџепи.

Се до моментот додека официјално не добие писмо од органите дека е исклучен од партијата, дотогаш ќе делува и е пратеник на движењето БЕСА, а кога ќе се случи тоа ќе делуваа како независен. Вели дека нема планови на пристапување на некоја друга политичка партија.

„Ќе бидам независен пратеник и ќе го исполнам тоа што го имам како обврска кон граѓаните“, вели Реџепи.