Видео: ЛА Лејкерси на чекор до НБА финалето

10

Кошаркарите на Ла Лејкерс по трет пат во конференциското финале на Западот го совладаа тимот на Денвер.

Лејкерси утринава во четвртиот меч од финалната серија беа подобри од Денвер со 114-108 за водство од 3-1 во победи.

Со денешниот триумф фаворитот од Ел Еј на на чекор до нови големо финале во најсилното светско кошаркарско првенство.

Ол Стар центарот на Лејкерси , Ентони Дејвис повторно беше кобен за тимот на Денвер. Дејвис беше незадржлив и со 34 постигнати поени беше најефикасниот поединец на мечот.

Од друга страна неговиот директен противник Никола Јокиќ немаше свој ден, и дуелот го заврши со занего скромни 16 поени.

Џамал Мареј постигна 32 коша што сепак беше недоволно за победа над расположените „езерџии“ .

Фановите на Денвер сметаат дека и во четвртиот меч Лејкерси ја имале помошта од судиите. Според нив клучниот миг на дуелот се случил во финишот на средбата кога судиите не виделе очигледен фаул на Леброн Џејмс над Џемал Мареј при резулат 105-102.