(Видео) Меланија Трамп одржа говор во Белата куќа

10

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ги повика Американците да се обединат против расните поделби и истовремено изрази сочувство за жртвите од пандемијата на коронавирус.

„Знам дека многумина се загрижени и дека некои од вас се чувствуваат беспомошни, но сакам да знаете дека не сте сами“, рече таа на републиканската изборна конвенција на која нејзиниот сопруг Доналд Трамп беше номиниран за претседателски кандидат на републиканците.


Таа се осврна и на расните поделби и расно мотивираното насилство, пренесува „Би-би-си“.

„Тоа е груба вистина дека не сме горди на делови од нашето минато. Ве повикувам да се фокусирате на иднината и во исто време да продолжите да извлекувате поуки од минатото“, истакна американската прва дама.

Таа ги повика Американците да работат и да живеат пристојно заедно и да покажат дека се достојни за стандардите на американските идеали.

„Исто така, ги повикувам луѓето да престанат со насилство и грабеж во име на правдата и никогаш да не градат претпоставки засновани врз бојата на нечија кожа“, истакна таа.

Таа, исто така, зборуваше за страдањата предизвикани од пандемијата на коронавирусот во САД и ја објави борбата за ефикасна вакцина достапна за сите.

Републиканската конвенција започна со молитва за Афроамериканецот Џејкоб Блејк, кого полицијата во Висконсин го застрела во грб пред неговите деца.