ВИДЕО: Мешаница во бугарското собрание, пратеници готови да се степаат, ги раздвоија колегите и обезбедувањето

9

Тензична атмосфера денеска во бугарското Народно собрание меѓу пратеникот на „Продолжуваме со промените“ Искрен Митев и претседателот на „Преродба“ Костадин Костадинов, јавуваат бугарските медиуми.

Скандалот почнал од говорот од собраниската говорница, во кој Митев рече: „Некои работи станаа јасни. Стана јасно дека господинот Копејкин го предаде народот зошто си што купи куќа од нивните пари, парите што му останале, ги смени во евра, се вакцинираше и на крајот зеде картичка за да покаже дека е почовечен од другите“.

Во овие реченици на Митев се пронајде пратеникот на Преродба Костадинов кој му се обратил на претседателот на Собранието Кристијан Вигенин со зборовите: „Овој идиот, ќе му го скршам носот“. Сепак, Вигенин не му дадел збор, нагласувајќи дека не е јасно кому пратеникот Митев го адресирал говорот.

Костадинов отишол до местото во салата каде што седел Митев тој го повлекол за вратоврската. Тогаш во „помагањето“ се вклучија и пратениците од двете пратенички групи, а реагираше и обезбедувањето за да ги ослободи од клинч двајцата пратеници кои ги развоија за да не се степаат.

Вигенин, за да ја намали тензијата ја прекинал седницата и дал пауза.

Скандалот се случил додека пратениците работеле на законот за пристап и откривање документи и објавување на бугарски државјани поврзани со Државната безбедност и разузнавачките служби на БНА.

Непријатната сцена се случила пред гостите кои од балконот од салата, ја набљудувале работата на пратениците, а меѓу нив имало и деца.

Подоцна пратеникот Искрен Митев се извини од говорницата во парламентот им се извини на децата и другите присутни во салата.

„Денес е Ден на детето и мислам дека не беше најдобро време да се одигра оваа сцена во Народното собрание, на која сите бевме сведоци. Најпрво сакам да им се извинам на децата, на гледачите кои беа сведоци на овие грди настани во кои учествував и јас, и секако, да се извинам доколку на некој начин моето однесување придонесе за ширење на оваа агресија“, рече подоцна пратеникот од собраниската говорница

За судирот со Костадинов само прокоментира:

-Тој тргна кон мене, тргна да ме навредува, само сакав да ја поправам неговата вратоврска, но очигледно изгледаше поинаку “, рече Митев. Според него, секоја достојна личност треба да избегнува да се однесува на овој начин.