(ВИДЕО) Мисајловски: Во продавницата на моето семејство е фрлена експлозивна направа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски утрово на социјалните мрежи објави видео и соопшти дека утрово околу 3 часот во семејната продавница која ја работи неговото семејството е фрлена експлозивна направа.

18

Тој алудира дека ова е направено од политичките противници во пресрет на почетокот на кампањата за изборите на 15 јули.

https://www.facebook.com/watch/?v=545685426127738

 

„Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На своевиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017 година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите! Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите“,пишува Мисајловски.