(Видео) Моментот кога напаѓачот влегува во училиштето во Тексас, во масакрот убиени 19 деца и двајца возрасни

119

Во основно училиште во Тексас се случи пукање во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни. Пукањето се случило во вторник во 11:17 часот по локално време (19:18 часот по македонско) во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.

Полицијата соопшти дека мртов е и 18-годишниот напаѓач Салвадор Рамос. Повеќе од 10 деца се повредени, а една жена и едно девојче се во критична состојба. Станува збор за училиште за ученици до четврто одделение. Ги има околу петстотини и повеќето од нив се со шпанско потекло и лоша економска состојба.

Ова е најсмртоносниот напад во основните училишта во САД откако пред десет години беа убиени дваесет деца и шест наставници во пукањето во училиштето Сенди Хук во Конектикат.

Во тек е истрага и повеќе информации се очекуваат во утринските часови.

„Тој излегол од возилото. Имал пиштол и најверојатно пушка. Живеел во Увалде, Тексас. Го убиле полицајци кои дошле на местото на настанот”, рекол гувернерот Грег Абот. Ја убил и својата баба пред нападот на училиштето.

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа моментот кога напаѓачот влегол во основното училиште, пред да почне да убива невини жртви.

Пукањата на јавни места се речиси секојдневно во Соединетите држави, а вооруженото насилство е во пораст во големите градови како Њујорк, Чикаго, Мајами и Сан Франциско, особено по пандемијата во 2020 година.

Во средината на мај, Америка беше потресена од расистички вооружен напад во кој загинаа 10 црнци во продавница во Бафало, Њујорк.