(ВИДЕО) Моментот од хрватскиот парламент кога се случи земјотресот

Утрово во Загреб беа почувствувани два земјотреса. Едниот во 9:52 со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, а вториот седум минути подоцна со магнитуда од 2,3 степени.

29

Хрватските медиуми објавија и видео од моментот на потресот во хрватскиот парламент, на кое може да се види како реагираше пратеник кој се обраќаше од говорница, како и претседателот на парламентот Горан Јандроковиќ, кој седи на спикерското столче.

Видеото е објавено на јутуб-каналот на хрватскиот портал „Индекс“.

СПОДЕЛИ