ВИДЕО: Натпревар на кариерата за неверојатниот Стеф Кари

15

Голден Стејт вориорс со 137:122 го совлада Портланд треилблејзерс, а во центарот на вниманието беше бекот на „воините“.

Стеф Кари постигна рекордни во кариерата 62 поени, погоди 18 од вкупно 31 шут, додека од линијата за слободни фрлања погоди 18 пати од 19 обиди, а со промашеното слободно фрлање ја прекина низата од 80 погодени шута по ред.

Интересно е што постигна по 30 или повеќе поени во двете полувремиња, постигнување кое последен пат го направи легендарниот Пистол Пит Маравич во 1977 година.

– Сакам се што овој натпревар имаше да понуди, натпреварувачки дух и рафална стрелба. Никогаш не бегам од тоа и возбуден сум што тоа е атмосфера во која можам да играм на највисоко ниво – изјави Кари.

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ оваа сезона е вистинска трипл-дабл машина. Во победата на неговиот тим од 124:109 над Минесота, Јокиќ имаше учинок од 19 поени, 12 скокови и 12 асистенции, со што дојде до четвртиот трипл-дабл сезонава, а Денвер ја прекина серијата од два порази по ред.