ВИДЕО: Неверојатно, Меси постигна скоро ист гол како Марадона!

23

Целиот фудбалски свет се збогува со великанот Диего Армандо Марадона, а се чини дека ретко кој успеал да го направи тоа симболично како Лионел Меси.

Капитенот на Барселона, Лионел Меси постигна гол на натпреварот против Осасуна во „Ла Лига“, а потоа истиот го прослави во стариот дрес на Марадона, „Њуел`с олд бојс“.

Со овој потег покажува огромна почит, а верувале или не со „Ел Пибе“ имаат скоро идентични голови.

Тој е поранешниот клуб на Марадона и екипата што Меси ја поддржува и за кој играше како дете во неговото родно Росарио.

Марадона реализираше во дресот на Њуел`с олд бојс (дебитантски гол) во далечната 1993 година против Емелек, кога Меси имаше само шест години. Главната разлика е што Меси го постигна својот гол со левата, а Марадона со десната нога, но сè останува исто, приемот на топката, избегнувањето на противникот со дриблинг, па удар малку надвор од шеснаесетникот во горниот агол на голот. Неверојатно!