(ВИДЕО) Нема да дозволам моето име да го гаѓаат накази како Боки и Катица

14

Јордан Камчев за новинарите пред судот кажа дека голем број на функционери биле злоупотребени од Боки 13, но дека само тој се одважил тоа да го пријави.

Камчев пред новинарите по судењето рекол дека не лаже, и дека спогодбата му ја понудил Боки, а не Јанева. Бизнисменот рекол дека случајот “Империја” бил отворен за изнудување на пари, бидејќи биле преземени предмети кои се стари по 18 години.

Камчев додал дека како човек кој вработува 3.000 луѓе и плаќа најголем данок во државата, нема да дозволи луѓе како Боки 13 и Катица Јанева да го валкаат неговото и името на неговите деца.

Изјава Рекет

Publiée par MИА.mk sur Vendredi 6 décembre 2019

“Со ова што го направив, направив голема работа за оваа држава за еднаш засекогаш да се исчисти овој систем”, рекол тој.