(Видео) Николовски: Собранието е распуштено и не може повторно да заседава

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели дека Уставот е јасен, и дека Собранието е распуштено, а откако ќе се распушти се организираат избори, кои во моментов се стопирани заради огромната криза со која што и здравствено и економски се соочува земјата и тоа Собрание не може повторно да заседава затоа што е распуштено.

16

„Многу е јасно, не треба човек да е голем експерт за да го сфати тоа, значи јасни се одредбите во македонскиот устав како и позитивните законски акти, така што еднаш распуштено собрание не може да се врати и да заседава. Нечовечко е однесувањето на Заев и на СДСМ, а тоа е да во услови кога многу луѓе се заболени од корона вирусот, илјадници луѓе губат работни места и за жал десетици фамилии ги изгубија своите најблиски, а многу луѓе се уште се борат за својот живот да било кој зборува за вакви теми. Ова е едно нечовечко однесување на СДСМ.

Доколку решат повторно по стоти пат да го кршат Уставот, и да не се грижат за здравјето на граѓаните и економската благосостојба секако ВМРО-ДПМНЕ во тој момент ќе заседава во своите органи и ќе донесе одлуки, кои што ќе бидат на линија на Уставот, законите, но пред се на заштита на здравјето и економската благосостојба на граѓаните. Кажав смачено ми е од ова однесување на СДСМ во услови на најтешка здравствена и економска криза да размислуваат како да се спасат од одговорноста за криминалите кои што ги направија ова е едно нечовечко, дегутантно однесување од страна на Заев и СДСМ“ рече Николовски.