ВИДЕО: Новогодишна честитка од дното на Охридското Езеро за поддршка на децата со ретки болести

5

Нуркачите од Клубот за подводни активности „Охрид” ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, на уникатен начин со тоа што накитија и им посветија подводна новогодишна елка.

Тие упатија најубави желби во Новата 2022 година, со надеж за подобри денови за сите.

– За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите.