ВИДЕО: Нуркиќ ги загуби нервите и му го фрли телефонот на навивачот

0

Кошаркарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ не беше во протоколот за натпреварот во НБА лигата против Индијана, но тоа не го спречи да биде во центарот на вниманието.

Тој беше испровоциран од еден од навивачите на Пејсерси кој седеше до теренот. Босанскиот кошаркар му влезе во лице, му го одзеде телефонот и го фрли во публиката.

По неколку непријатни погледи и зборови меѓу „босанскиот ѕвер“ и несмасниот навивач, Нуркиќ се оддалечи. Информациите велат дека овој навивач во текот на последната четвртина од натпреварот неколку пати го навредувал Нуркиќ.

Инцидентот поминал без физички контакт, но од видеото е очигледно дека Нуркиќ ги изгубил нервите.

Овој меч заврши со победа на Индијана со 129:98, Брисет кај домаќините беше најрасположен со 24 поени (девет скокови), а на спротивната страна Харт запиша 26 поени.