Видео објавено на социјалните мрежи од пукањето кај Мавровка

8

На социјалните мрежи се појави видео снимка од инцидентот кај Мавровка кога групата демонстранти се упатува кон Владата. Од видеото се гледа група луѓе кои стојат пред хотелот „Де Кока“ на платото на паркингот „Скендербег“ фрлаат со шишиња кон демонстрантите по што настанува судир меѓу двете групи. Едно лице вади пиштол и пука во воздух. Полицијата која е малубројна речиси и не реагира на почетокот, за подоцна кога се слушаат извици дека човекот има пиштол.Специјална полиција приоѓа до вооруженото лице и го апси.