(Видео) Пали и се фали: Момче од Скопје се снима како опожарува шума

26

Момче од Скопје ги снима своите пиромански страсти и видеото на кое се гледа како со запалка потпалува нискостеблеста шума го сподели во јавност преку апликацијата ТикТок што е особено популарна меѓу помладата генерација.

Неговото „херојско“ дело предизвика лавина реакции и коментари, секако негативни, на социјалните мрежи со апел до институциите да го истражат случајот и пронајдат и санкционираат сторителот.

Полицијата би можела лесно да го идентификува, ако се има предвид дека јасно се гледа на неговиот профил на ТикТок. Пожарите се честа појава во Македонија, особено во летните месеци поради високите температурите, а надлежните постојано упатуваат на претпазливост до граѓаните, бидејќи досегашното искуство вели дека најчеста причина за огнените стихии на отворен простор е човечкиот фактор.