ВИДЕО | По 27 години молк: Ќерката на Гучи објавува книга за убиството на татко ѝ

12

Откако светот ја виде холивудската верзија на настаните поврзани со смртта на Маурицио Гучи во „House of Gucci“, време е неговата ќерка да добие збор. По речиси 27 години од убиството на нејзиниот татко, италијанскиот бизнисмен Маурицио Гучи, Алегра Гучи реши да проговори.

„Кога ќе поминете низ такво нешто, тоа е како цунами“, изјави Алегра за „Vanity Fair Italy“, мислејќи на трагичната смрт на нејзиниот татко во 1995 година.

За да ја раскаже својата страна од приказната, Алегра ќе издаде книга што ќе ги исправи информациите за вмешаноста на нејзината мајка во убиството на нејзиниот татко – приказна што го привлекува вниманието на поп културата со децении.

„Јас сум во мојата соба. Не спиев добро таа вечер. Мојата мајка Патриција Реџани доаѓа и брзо вели дека татко ми е мртов“, раскажува Алегра.

Семејството Гучи е загрижено за претстојниот филм „House of Gucci“: Тие го крадат идентитетот на семејството за да остварат профит

Таа вели дека во тоа време се чувствувала како да живее во балон додека остатокот од светот продолжува да се врти, само дознавајќи дека нејзиниот татко бил убиен преку телевизиски прилог.

На 27 март 1995 година, платен убиец го уби Маурицио Гучи, кој беше шеф на познатата модна куќа Гучи