(Видео) Промовирана песната со која Васил Гарванлиев ќе настапи на „Евровизија“

22

Вечерва на МТВ беше промовирана песната насловена „YOU“ со која Васил Гарванлиев ќе настапи на „Евровизија“ во Ротердам.

Музиката ја напиша Невена Нешкоска, а текстот е на Невена Нешкоска, Калина Нешкоска, Алис Шредер. Продукцијата и аранжманот го направија Невена Нешкоска, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Спотот е во режија на Милена Витман, монтажата ја направи Ѓорѓи Вацев, а како продуцент се потпишува Јелмаз Дервиши.

Тимот на Васил откри дека тој на евровизиската сцена најверојатно ќе настапи заедно со пет девојки, пратечки вокали.

Гавранлиев ќе пее на првата полуфинална вечер на 12 мај.