(Видео) Руска инфлуенсерка плаче и се опростува од Инстаграм, откако денеска во оваа земја ќе бидат исклучени 80 милиони профили

16

Откако е соопштено дека денеска во Русија ќе бидат исклучени 80 милиони Инстаграм профили, многу инфлуенсери се загрижиле за својата иднина.

Една инфлуенсерка привлече посебно внимание, бидејќи, плачејќи објасни дека Инстаграм за неа е повеќе од заработка.

Инфлуенсерката од Русија не сокри колку е погодена од одлуката да се забранат социјалните мрежи во земјата која изврши инвазија врз Украина.

Плачејки, објаснува дека моментално поминува низ тешки моменти, а брзо предизвика гнев кај јавноста.

„Мислите ли дека за менекако инфлуенсерка Инстаграм е само извор на заработка? За мене Инстаграм е живот, моја душа. Покрај него се будам и лежам изминатите 5 години“, објаснува таа.

Нејзиното видео го споделила „Nexta“, агенција насочена на разоткривање на реалниот живот под власта на Путин, а го прегледале над 1.7 милион корисници.

Во описот „Nexta“ напишале дека на оваа Русинка очигледно не ѝ е грижа до оние во Украина кои секојдневно губат животи.

„Изгледа дека не ѝ е грижа за илјадниците загинати луѓе, вклучувајќи ги и нејзините сонародници. Нејзината единствена грижа во моментов е што нема да може да објавува фотографии од ресторан“, напишале тие.

Иако Русинката веројатно сакала да предизвика сожалување, добила само остри критики.

„Нека дојде во Харков, Инстаграм таму работи“, ѝ порачал еден корисник, а некои под објавата коментирале со видеа и фотографии од гранатирањата и убиените цивили, порачувајќи ѝ дека тоа е вистинската сцена поради која треба да тагува.