(ВИДЕО) Руски тенкови на улиците во Киев

12

Руските воени сили влегоа во украинскиот главен град Киев каде што се водат жестоки битки.

На социјалните мрежи жители на Киев објавуваат и видеа од кои може да се види дека руската војска влегла на улиците во Киев.

Украинското Министерство за одбрана ги повика граѓаните да останат во своите домови и да подготват молотови коктели.

Едно од видеата е од областа Оболон, која се наоѓа на девет километри од центарот на градот.

Граѓани што ги снимиле руските возила тврдат и дека тие прегазиле цивилно возило кое се движело по улиците во Оболон.