(ВИДЕО) Садија Дурмиси е продавачката која нокаутираше комунална полицајка во Белград

6

Продавачката која нападнала комунална полицајка на пазар во Видиковац, во Белград, е Садија Дурмиси. На нападот му претходела караница меѓу две продавачки на пазарот, рекол за српски Курир очевидец на немилиот настан. Продавачките се искарале, па една од нив повикала комунална полиција, која сакала да и ја заплени нејзините работи. Изнервирана од ова Дурмиси ја нокаутирала полицајката.

Физичкиот напад се случил во неделата напладне, по што Дурмиси е приведена и понатаму е во дводневен притвор, од каде ќе биде изведена пред надележен обвинител.

На инцидентот претходела кавга меѓу коминалната полицијка А.М. и С. Д. Полицајката се обидела да ја задржи нелегалната роба која ја продавала С.Д. Продавачката се обидела да избега, А.М. ѝ го земала куферот и работите почнале да паѓаат од него, по мшто почнале двете да се кошкаат. Во еден момент продавчката ја удриа полицајката со бокс во глава, која паднала на земја.