ВИДЕО: Сенатот објави нови снимки од побуната во Вашингтон – масата викала „обесете го Мајк Пенс“

12

Демократите од Претставничкиот дом, кои во Сенатот претставија обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп, покажале досега необјавена снимка од наислните дела на приврзаниците на Трамп за време на упадот во Капитол хил, на кој се гледа како ја бараат претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и тогашниот потпретседател на САД, викајќи „обесете го Мајк Пенс“.

На снимките се гледаат конфликти меѓу демонстрантите и полицајците на 30 метри од просторијата во која Пенс се засолнил со семејството, пренесува Ројтерс.

Видео материјалите се однесуваат на периодот од околу 1 часот поплчадне, на 6. јануари, кога првата група на прврзаниците на Трамп се појавила пред комплексот Капитол хил и подоцна насилно влегла во имотот, до моментот кога опсадата била завршена.