(Видео) Силен земјотрес ја погоди Хрватска

61

Силен земјотрес со интензитет од 5 степени по Рихтер, утрово ја потресе Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил на 51 километар од Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Земјотресот се случил утрово во 6.28 часот, на длабочина од 2 километри. Градоначалникот на Петриња изјавил дека има материјални штети.

„ Не погоди силен земјотрес, никогаш не сум дожиеал вакво нешто досега. Не знам дали има жртви или материјална штета“ рекол Даринко Думбовиќ.

После првиот следел уште еден силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала. Петриња се наоѓа на само 50 километри југоисточно од Загреб и 13 километри југозападно од Сисак. Сеизмолошката служба на Хрватска исто така објави дека јачината на земјотресот е 5 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот е VII степен од скалата ЕМС.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно објави дека јачината била 5,2 степени по Рихтер.

Читателите на порталот Индекс известуваат дека земјотресот бил почувствуван во цела континентална Хрватска, дури и на крајбрежјето, а РТРС известува дека земјотресот бил почувствуван и во Бања Лука.

Пожарникарите примиле неколку повици за помош и веднаш интервенирале. Неколку куќи биле оштетени, особено оние од постара градба. Испукале и ѕидовите во болницата во Сисак, и неколку куќи и згради во Петриња.