ВИДЕО | Силна експлозија во хемискиот концерн во Леверкузен

2

Силна експлозија го погоди подрачјето на германскиот град Леверкузен, каде што се наоѓа хемискиот концерн Баер, засега не е познато дали има жртви и колкав е бројот на повредени.

„Бројот на двајцата повредени и сериозноста на повредите сè уште не се познати“, изјави портпаролот на „Актунта“, кој управува со т.н. Хемиски парк лоциран во јужниот дел на Леверкузен кој се граничи со градот Келн.

Причините за експлозијата се исто така непознати. Според некои информации, експлозијата се случила во близина на согорувачот за отпад.

Како што објави градот Леверкузен, од граѓаните е побарано да останат во своите домови и да не отвораат прозорци.

Полицијата блокираше широк простор околу местото на експлозијата. Затворени се и неколку важни патишта во овој густо населен дел од Германија.

Видеото погледнете го тука.