ВИДЕО |„Слатка одмазда“-Путин оставен да чека

6

Рускиот претседател Владимир Путин , во навидум подредена состојба стоеше во соба пред голем број новинари додека чекаше да се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Видеото снимено пред состанокот во вторник во Техеран го покажува Путин како се нервира, ја префрла тежината од нога на нога и прави серија гримаси за камерите речиси цела минута пред Ердоган конечно да дојде да го поздрави.

Тоа беше непозната ситуација за рускиот лидер, кој има развиено репутација дека е тој кого го чекаат светските лидери, однсно, познато е дека пред секоја од средбите ги оставал намерно, понекогаш и неколку часа да го чекаат иако требало да започнат закажаните разговори.

Некои шпекулации укажуваат дека можеби станува збор за одмазда за средбата во Москва во 2020 година, каде Ердоган толку долго чекаше да влезе во салата за состаноци што мораше да седне. Новинарите го фатија моментот кога Путин влезе во собата во вторникот, очекувајќи дека Ердоган брзо ќе го следи . Наместо тоа, тој остана да стои.

Кога виде како Ердоган му приоѓа, Путин видно изнервиран ги крена рацете.

„Овие 50 секунди што Ердоган го натера Путин да чека доволно зборуваат за тоа колку многу се променило од Украина“, коментираше на Твитер Џојс Карам, виш дописник на медиумската организација на Блискиот исток National News.

Новинарите кои беа присутни на оваа средба ја искоментираа случката нарекувајќи ја „слатка одмазда“ на Ердоган откако Путин го остави турскиот лидер да чека околу две минути пред средбата во 2020 година.

Турските медиуми тогаш објавија дека Ердоган и неговата придружба биле оставени понижени бидејќи биле принудени да чекаат надвор во фоајето, како што се виде на видеото што тогаш го пренесоа руските медиуми.