(ВИДЕО) СНИМЕН МОМЕНТОТ КОГА АВИОНОТ ВО ИСТАНБУЛ ПУКА НА 3 ДЕЛА: Ја промаши пистата па се урна

10

Камери го снимиле застрашувачкото слетување на авионот на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ кога леталото се распаднало на три дена, при што загинале три лица а десетици се повредени.

Имено, авионот од Измир не успеал да се задржи на пистата, како последица не неповолните временски услови, и преминал некои 50-60 метри пред да се урне во поле од висина од околу 30 метри.

По ударот, избил пожар во авионот во кој се наоѓале 177 патници.

На видео снимката може да се види како авионот се приближува крај пистата и абнормално забрзува, леталото не може да се запре и потоа паѓа.

Дел од патниците раскажаа нивни сведоштва кои може да ги прочитате тука.