Солзавец и водени топови на протестот во Атина против вакцините.
Со инциденти пред грчкиот парламент заврши протестот против вакцините, организиран преку социјалните мрежи.
Полицијата употреби солзавец, но и најмалку три цистерни со вода за да ги растера граѓаните.
Демонстрантите, како и минатата среда, одржаа протест на плоштадот Синтагма во центарот на Атина и извикуваа слогани против вакцините, против задолжителната вакцинација, против владата, но и против новинарите.