(Видео) Соседот го видел „малчанскиот бербер“ како бега од дворот, па ја алармирал полицијата

15

Нинослав Јовановиќ познат како „малчанскиот бербер“ беше уапсен околу 14 часот во полициска акција во неговото родно село Малча. Претходно, негов сосед чијашто куќа се наоѓа покрај магистралниот пат што поминува низ Малча, кога околу пладне пошол кон својот подрум, го здогледал Нинослав Јовановиќ како бега од дворот.

Петар Чекиќ од Малча вели дека кога го видел Јовановиќ, немал сомнеж што треба да направи и веднаш ја известил полицијата.

Истакна дека видел како Јовановиќ бега и го препознал. Бил неизбричен, валкан и запоставен, сведочи соседот за „РТС“.

Веднаш по пријавувањето, полицијата пристигнала и направила обрач околу селото.

Активирано било беспилотно летало, а два часа подоцна бегалецот бил фатен на гробиштата во Малча, на околу два километри од местото каде што бил виден.

Веста дека Нинослав Јовановиќ веќе не е на слобода, ја поздравија жителите на Малча.

Тие за РТС изјавија дека се задоволни, особено за безбедноста на нивните деца и посочуваат дека сега ќе спијат мирно.

Ова е трет пат полицијата да го уапси Нинослав Јовановиќ, кој веќе беше во затвор за силување и сексуално вознемирување.

Јовановиќ е осомничен за киднапирање на 12-годишната Моника Каримановиќ од Суво Дол, која беше пронајдена на 29 декември.