(ВИДЕО) Талибанците запалија забавен парк, бил против нивните верски правила

4

Милитантите на радикалното движење „Талибан“, кои ја презедоа власта во целиот Авганистан, го запалија забавниот парк во градот Шибарган, објавија локалните жители на Твитер. Според нивните тврдења, тоа го направиле од верски причини.

Во една од објавите се вели дека, талибанците одлучиле да го запалат забавниот парк како одмазда за борците кои беа опколени на оваа територија во 2011 година.

„Многу се плашиме од одмазда на Талибанците. Ние сме долго време против нивните строги правила“, се вели во објавата.

Во друга објава пак, има и видео од пожарот и се вели дека милитантите одлучиле да го уништат паркот од верски причини. Односно, во него имало статуи што може да се наречат идоли, а тие, според нивните закони, се строго забранети.

Претходно, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како талибанците се возат на реквизитите во еден забавен парк. Според она што може да види, изгледа како тие прв пат да се среќаваат со вакво нешто.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.