ВИДЕО: Шампионска игра на Милвоки, меч за заборав на Јокиќ кај Оклахома Сити

12

Џру Холидеј ја презеде одговорноста на лидер и го водеше Милвоки Бакс до победа над Хјустон Рокетс (126-106). За шампионот и натаму не игра Јанис Антетокумбо поради позитивен ковид-19 тест. Втората и третата четвртина беа клучни за триумфот на домашниот тим, кој направи висока разлика, па во финишот ги одмори најдобрите играчи. Холидеј заврши со 24, а Крис Мидлтон помогна со 23 поени.

Бостон Селтикс го одбрани домашниот терен од одличниот оваа сезона Кливленд Кавалирс (111-101). За „зелено-белите“ вторпат во кариерата дебитираше 40-годишниот Џо Џонсон, кој потпиша десетдневен договор со екипата. Џејлен Браун го одбележа натпреварот со 34 поени.

Лошата вечер на Никола Јокиќ ја искористи Оклахома Сити Тандер за да слави во дуелот со Денвер Нагетс (108-94). Гостите целосно потфрлија во нападот, а српскиот центар одигра лош натпревар на кој постигна само 13 поени. На спротивната страна неверојатни бројки запиша Шаи Гилгеус-Александар со 27 поени, 12 асистенции и 11 скока.

Убедлива на гости беше екипата на Лос Анџелес Клиперс кај Сакраменто Кингс (89-105), а голем триумф запиша и Орландо на теренот на Атланта (98-104).