ВИДЕО: Ѕвездата пак е „дома“, Меси тренираше во Барселона

31

Долго се шпекулираше и полемизираше за евентуалното заминување на Лионел Меси од Барселона, но на крајот тој остана во клубот каде ја мина целата кариера.

Аргентинецот јасно нагласи дека сака да замине, ама Барса не сакаше да го пушти, па тој ќе остане професионалец и ќе го одработи договорот до следниот јуни. Заинтересирани екипи за Меси има многу, па по јануари ќе можат и официјално да преговараат за следното лето да пристигне како слободен агент.

Инаку, Лионел Меси се врати во Барселона и веќе тренираше индивидуално во комплексот на тимот, а камерите веднаш го забележаа неговото присуство.

Пристигнувањето на Меси на тренинг:

Барселона претрпе тренерска смена, па во новата сезона Меси и соиграчите ќе ги води Роналд Куман кој има доста поинакви филозофии од неговите претходници, што не му и се допадна на првата ѕвезда.