(ВИДЕО) Јанева со капа и покриено лице спроведена во домашен притвор

8

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, а сега второобвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева, доцна попладнево беше спроведена во домашен притвор, поточно во станот на нејзиниот син Лазар, во центарот на Скопје. Апелацискиот суд ја уважи жалбата на Јанева на одлуката на Кривичен за продолжување на притворот и ја укина мерката заменувајќи ја со домашен. Апелациониот суд за да ја донесе ваквата одлука пред себе го имал имотниот лист од станот на синот на Јанева, но и ја ценел здравствена состојба на екс специјалната обвинителка, околностите дека може да се обезбеди од дома, дека веќе има обвинение.

На Јанева и се одзема патната исправа, државата не смее да ја напушти ниту со лична карта и има забрана да комуницира со луѓето инволвирани во случајот „Рекет“.

Првично, Јанева поднесе жалба и до кривичниот суд на одлуката за продолжување на притворот, а како гаранција понуди три стана. Судот ја одби жалбата.

Јанева беше уапсена на 21 август и оттогаш е во притвор во Шутка.

Судењето за случајот „Рекет“ почнува на 3 декември а на обвинителната клупа покрај јанева се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски.