ВИДЕО | Џафери: Не ме изненадува односот и вокабуларот на одредени пратеници

25

Овој парламент е со нов состав и има пратеници кои за прв пат се во собранието и не до крај ги познаваат сите прописи и регулативи. Водени од желбата да се докажат уште на почетокот некогаш ги преминуваат оние етички и колегијални норми, вели претседателот на Собранието Талат Џафери во гостувањето на Утрински брифинг на Слободна ТВ.

-Пратениците и индивидуално одговараат пред граѓаните, а јас сум должен да укажам кога нештата не се во рамките на општата култура. Мене не ме изненадува односот и вокабуларот на одредени пратеници. И тие се избрани од граѓаните (Левица), но сепак тоа е дел од идеолошката матрица преку која се влезени во Собранието, на крајот граѓаните го кажуваат мислењето на изборите, а јас укажувам што е според процедура, што е во рамки на актите, Собранието има етички кодекс и јасно е дефинирано до каде може да одат пратеници. Вокабуларот е нивна одговорност, изјави во Утрински брифинг претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.