Визер укинува линии од Македонија

618

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и Охрид до четири европски града, објави exyuaviation.com.

Нискобуџетната авиокомпанија ќе ги прекине операциите од својата база во Скопје до Турку, Торино и Билунд.

Според тоа, Македонија повеќе нема да има редовна авиолинија до Финска. Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.

Покрај тоа, авиопревозникот ги прекинува операциите меѓу Охрид и Фридрихсхафен. Летовите меѓу двата града беа воведени минатиот декември.

Како резултат на тоа, три од четирите нови линии што ги воведе во последното проширување на својата македонска мрежа, во декември 2021 година, сега се прекинати.

Дополнително, авиопревозникот ќе укине летови и од Љубљана, Белград и Тузла.

Компанијата ги прекинува услугите меѓу Шарлроа и Љубљана, Белград и Хан, како и меѓу Тузла и Ваксјо.